Утрински Весник
Свет

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

20250919204748 big 730x400 37.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најмалку 78 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор.

За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот.


Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан.

Паравоeните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ал-Фашер, последното воено упориште во Дарфур и градот во кој повеќе од 300.000 цивили живеат опкружени со постојани борби.

Жител на градот сведочеше за Би-Би-Си дека дронот ја погодил џамијата за време на утринската молитва, убивајќи десетици луѓе на лице место.

Извор од медицинската служба вели дека 78 лица загинале, а околу 20 се повредени, но процесот на извлекување на телата од урнатините на зградата сè уште е во тек.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим