Утрински Весник
Свет

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати

20251127143646 big 730x400 11.webp.webp

Бројот на загинати во пожарот што зафати неколку станбени висококатници во Хонг Конг се зголеми на 65 лица, соопштија локалните служби за итни случаи.

Уште 70 лица се повредени во пожарот во областа Тај По, вклучително и 10 пожарникари. Точниот број на исчезнати не е познат, иако властите претходно проценија дека 279 лица се водат како исчезнати.

Седум од осумте висококатници во станбениот комплекс Wang Fuk Court, во кој има 2.000 станови, се запалија вчера попладне по локално време.

Огнената стихија ја гаснат повеќе од 1.200 пожарникари.

Иако пожарите моментално се главно под контрола, противпожарната бригада денеска соопшти дека сè уште има пламени јазици во три од висококатниците.

Иако властите допрва треба да ја утврдат причината за пожарот, 32-катните згради биле обложени со бамбусови скелиња за реновирање, што најверојатно му овозможило на огнот побрзо да се прошири.

Полицијата уапси тројца мажи од една градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.

Властите соопштија дека материјалите што се користеле за работата можеби не биле во согласност со прописите за заштита од пожари – пренесе ДПА.

Шефот на владата на Хонг Конг, Џон Ли, нареди инспекција на сите згради кои се подложени на поголемо реновирање на територијата која е еден од двата специјални административни региони на Кина, заедно со Макао.

Можете да прочитате

Трамп помилува две мисирки – пред церемонијата беа во луксузен хотел

Данското МНР воведе посебна смена за следење на изјавите и работата на Трамп

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина