Утрински Весник
Свет

Најмалку 52 жртви на топлотниот бран во Њу Делхи

20240620074426 Big 730x400 10 1.webp.webp

Најмалку 52 лица ги загубија животите во Њу Делхи во интензивниот топлотен бран, јавија денеска локалните медиуми.

Според Тајмс оф Индија, најмалку 52 тела биле донесени во болниците во изминатите два дена, главно сиромашни луѓе кои живееле и работеле на отворено.

Во Индија беа регистрирани повеќе од 40.000 случаи на топлотен удар ова лето и најмалку 110 потврдени смртни случаи од 1 март до 18 јуни, кога северозападниот и источниот дел на Индија забележаа двојно повеќе денови со топлотни бранови вообичаени за сезоната.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот