Утрински Весник
Свет

Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак

20250717082018 big 730x400 84.webp.webp

Најмалку 50 лица загинаа и се повредени во голем пожар што избувна во хипермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како гори петкатна зграда во Кут во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот.


Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал во хипермаркет и ресторан. Семејства вечерале и купувале, рече тој. Пожарникарите спасиле голем број луѓе и го изгаснале пожарот, додаде гувернерот.

Прогласена е тридневна жалост, а започната е и истрага. Резултатите од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа.

– Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар, рекол ал-Мајахи.

Можете да прочитате

Јулија Свириденко е нова премиерка на Украина

Кои се Друзите? – 24info.mk

Сирискиот претседател го предупреди Израел да не се обидува да ја вовлече Сирија во војна