Утрински Весник
Свет

Најмалку 45 аџии загинаа во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

20251117125858 big 730x400 69.webp.webp

Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот со кој патувале се запалил во несреќа близу Медина во Саудиска Арабија – изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад.

– Во автобусот имало 46 патници, изјавил В. С. Сајјанар на прес-конференција. Тој додаде дека мажот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во локалната болница.


Поголемиот дел од жртвите се од Хајдерабад, кој се наоѓа во јужната индиска сојузна држава Телангана.

Аџиите патувале од исламскиот свети град Мека кон Медина кога се случила несреќата, соопшти владата на Телангана.

Тие отпатувале во Саудиска Арабија на аџилак кој претставува пократка верзија на најголемото исламско поклонение.

Индискиот премиер Нарендра Моди објави на „Икс“ дека е „длабоко ожалостен“ поради несреќата и оти индиските власти се во контакт со службениците во Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

ФАА ги укинува ограничувањата, летовите во САД се враќаат на нормален распоред

Трамп: Имав одличен разговор со Путин, а тој пак руши згради во Киев

„Сараево Сафари“: Обвинителството во Милано ја проширува истрагата, Италијанци плаќале за убивање цивили