Утрински Весник
Свет

Најмалку 39 повредени во торнадо во САД

20240315082038 big 730x400 96.webp.webp

Најмалку 39 лица се повредени, од кои неколку потешко, а повеќе куќи се оштетени и уништени кога торнадо ги погоди американските сојузни држави Индијана, Охајо и Арканзас, соопштија официјални претставници.

Тие посочија дека полицијата помагала во напорите за пребарување и спасување во градот Винчестер во Индијана, објави Ен-Би-Си Њуз.

Началникот на полицијата на Индијана, Даг Картер на прес-конференција рече дека некои куќи во Винчестер се срамнети со земја.

Можете да прочитате

Иран го нападна Азербејџан, повредени двајца цивили

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените