Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест

20251006072256 big 730x400 90.webp.webp
Img 7972

Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми.

Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА.


Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината.

Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните патишта се блокирани од длабок снег.

Сè уште не е познато колку луѓе остануваат заглавени на Монт Еверест.

Платформата „Џиму Синвен“ јави дека има жртви на местото на настанот, но засега нема потврдени информации за можни смртни случаи.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј