Утрински Весник
Свет

Најмалку 30 тела извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Screenshot 2025 01 30 112702.jpg

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.

Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен.


Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром „Роналд Регн“ во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.

Можете да прочитате

Децата во САД ја губат вештината за читање

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Рубио вели дека Трамп е сериозен за купување на Гренланд