Утрински Весник
Свет

Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

20250515070800 big 730x400 95.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.


Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.

Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико. 

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула