Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 загинати во свлечиште на депонија во Уганда

20240812071757 Big 730x400 18 1.webp.webp

Најмалку 17 луѓе загинаа во лизгање на земјиште на огромна депонија во главниот град на Уганда, Кампала. Спасувачите продолжуваат да ја пребаруваат депонијата со надеж дека ќе најдат уште преживеани.

Одронот се случи по неколкунеделни обилни врнежи од дождови. Ѓубрето од цела Кампала, дом на околу четири милиони луѓе, пристигнува во депонијата Китези.

-Се плашевме дека може да се случи вакво нешто. Можеби многу, многу повеќе луѓе се затрупани, изјави градоначалникот на Кампала, Ериас Лукваго, пренесе Би-Би-Си. Градските власти со години се обидуваат да најдат ново место за депонирање на отпадот.

Свлечиштето се активирало во петокот доцна вечерта и ги затрупало околните куќи додека луѓето спиеле.

Претседателот Јовери Мусевени нареди истрага за тоа како на луѓето им е дозволено да живеат толку блиску до потенцијално опасната депонија.

Многу луѓе ја пребаруваат депонијата и заработуваат за живот со продажба на работите што ќе ги најдат. 

Можете да прочитате

Личниот лекар на папата откри за што во последните моменти Франциск најмногу жалел

Уапсен шпион во Грција, осомничен за поврзаност со Русите

Аксиос: Трамп му рекол на Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим како дел од Русија