Утрински Весник
Свет

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

20251007211847 big 730x400 18.webp.webp

Најмалку 15 лица загинаа откако автобус бил затрупан од свлечиште, предизвикано од поројните дождови, во северната индиска држава Химачал Прадеш.

Спасувачите и локалното население на местото на несреќата сè уште трагаат по преживеани. Три деца се спасени од под свлечиштето и се хоспитализирани.


Ненадејните поплави и лизгањата на земјиштето веќе одзедоа десетици животи во Индија во оваа сезона на монсуни.

Монсунските дождови, кои обично траат од јуни до септември, се од витално значење за земјоделската економија на регионот. Сепак, монсуните често предизвикуваат смрт и уништување, особено во еколошки кревките хималајски држави, каде според експертите зголемен е бројот на екстремни временски појави изминатите години.

Можете да прочитате

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата

Нови руски напади со дронови врз Украина

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни