Утрински Весник
Свет

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Images 9.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во пожар во мала станбена зграда во Ханој, Виетнам рано утринава загинаа најмалку 14 лица, а најмалку тројца се повредени, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал нешто по полноќ во петкатница во која се наоѓале станови за изнајмување и продавница за електрични велосипеди, а еден час подоцна бил ставен под контрола, јавува агенцијата ВНА.

Пожарникарите успеале да спасат седум лица, соопшти Министерството за јавна безбедност.

Според првите резултати од истрагата, причина за пожарот бил краток спој на електричните велосипеди.

Можете да прочитате

15 работници повредени во фабрика во Јапонија

Двајца убиени во рускиот напад врз Харков

Турција ја зголемува минималната плата