Утрински Весник
Свет

Најмалку 13 Палестинци загинаа во напад на кампот Нусејрат

Gaza.png

Најмалку 13 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а тимовите за цивилна одбрана работат на извлекување на сите жртви од урнатините.

Според Ал Џезира, се очекува да се зголеми бројот на загинати и ранети.

И на југот на Газа, во Кан Јунис, според извештаите, двајца Палестинци биле убиени во израелски напад врз друг бегалски камп, а уште седум лица биле повредени.

Најмалку 82 лица се убиени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа, јави Ал Џезира.

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија