Утрински Весник
Свет

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

20250205075959 Big 730x400 98.webp.webp

Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата.

Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад.


„Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека не може да се исклучи бројот на жртвите да продолжи да расте, бидејќи информациите за состојбата на повредените пациенти кои се на болничко лекување се исто така нецелосни, јави шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ.

Полициската истрага продолжила во текот на ноќта и засега нема ништо што укажува дека сторителот дејствувал од идеолошки побуди, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал 35 години и бил без какви било приходи. Во училиштето влегол вооружен со ловечка пушка. Тој  немал претходни пресуди за какво било кривично дело. Исто така, нема познати врски со криминални банди.

Полицијата претпоставува дека тој дејствувал сам, иако не ја исклучуваат можноста дека имало и други лица вмешани.

Центарот за образование за возрасни каде што се случи нападот се наоѓа на периферијата на градот Оребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм. 

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“