Утрински Весник
Свет

Најмалку 10 полицајци повредени на пропалестински протести во Берлин

20240819073645 Big 730x400 40.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најмалку 10 полицајци се повредени за време на вчерашните пропалестински протести во Берлин, соопштија локалните власти, пренесува ДПА.

За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња.

Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден.

Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници.

Пред почетокот на маршот, демонстрантите биле информирани дека ќе бидат забранети сите скандирања кои пропагираат „уништување на Израел и/или неговите жители“ или промовираат „забранети организации“, вклучително и палестинската исламистичка група Хамас.

На терен беа распоредени околу 400 полицајци, кои повеќепати интервенирале. Полицијата размислувала да го прекине протестот поради скандирање на забранети слогани, но протестот на крај бил прекинат од организаторите.

По митингот, полицијата започнала 31 кривична истрага за различни прекршоци, вклучувајќи тешка телесна повреда, напад на службено лице, сериозно нарушување на јавниот ред и поттикнување омраза. Се пријавува и дека полицајци биле сведоци на малтретирање на медиумски тимови

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците