Утрински Весник
Магазин

Најлесната чанта од тврд материјал досега

Gh71gq0w4aaksup.jpg

На Неделата на модата во Париз, компанијата „Коперни“ ја претстави својата нова чанта „Ер свајп“ (Air Swipe), објави „Индепендент“. Ова е најголемиот предмет досега направен од наноматеријалот „силика-аерогел“ на НАСА, познат како „најлесниот цврст материјал“ на планетата Земја.

Овој деликатен наноматеријал е развиен од професорот Јоанис Михалудис. Се состои oд 99 насто воздух и еден отсто стакло. Чантата тежи 33 грама и има димензии: 27 x 16 x 6 сантиметри.

Инаку, во науката, НАСА го користи „силика-аерогелот“, на пример, и за земање примероци од ѕвездена прашина.

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници