Утрински Весник
Свет

На израелскиот премиер му беше извршена операција на срцето, вграден му е пејсмејкер

На израелскиот премиер му беше извршена операција на срцето, вграден му е пејсмејкер

Здравствената состојба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е добра по вградувањето на електростимулатор за срце (пејсмејкер), соопшти утринава болницата Шеба. Нетанјаху беше хоспитализиран во неделата вечерта за да му биде вграден пејсмејкер во болничкиот центар Шеба во Тел Авив.

dobivaj vesti na viber

„Премиерот ќе остане под медицински надзор на одделот за кардиологија“, се додава во соопштението. Пред една недела 73-годишниот Нетанјаху преноќил во болница поради вртоглавица. Докторите потоа решија да го следат ритамот на неговото срце со Холтер монитор, објасни минатата недела професорот Амит Сегев, шеф на кардиологија во Шеба.

Премиерот беше повторно хоспитализиран еден ден по масовните протести во Тел Авив и Ерусалим против предложената судска реформа на неговата влада, која ја подели земјата. Демонстрантите се против реформите во судството за ограничување на овластувањата на Врховниот суд.

Вчера десетици илјади луѓе маршираа низ улиците на Тел Авив и протестираа пред парламентот во Ерусалим против контроверзната судска реформа, за која парламентот најверојатно ќе гласа в понеделник. „Демократија или револуција“, скандираа демонстрантите во Тел Авив за време на 29-тиот ден од општа мобилизација на населението.

 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот