Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

На изборите во сите четири општини на северот од Косово досега гласале само неколку Срби

Утре вонредни локални избори во северно Косово, Вучиќ вели дека следува окупација, а ЕУ повикува на воздржаност
300x250 opst2

На изборите во Косово досега излегле само неколку Срби во сите четири општини каде што се гласа, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека власта на северот на Косово имаат намера да ја воспостават оние кои не живеат таму, а оттука оцени дека нема да добијат ниту еден или два отсто од гласовите.

dobivaj vesti na viber

„До овој момент само неколку Срби излегоа заедно во четири општини. Србите нема да им служат на туѓите интереси. Сакаат да им служат на своите интереси, сакаат мир, но сакаат и да се борат за интересите на својот народ“, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател вчера изјави дека по формирањето на новите локални власти во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово ќе следи „целосна окупација“.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово соопшти дека до 11:00 часот гласале 313 граѓани од над 45 000 кои имаат право на глас во четирите општини на северот на Косово.

Според податоците на ЦИК, одѕивот на гласачите до 11:00 часот бил следен:

  • Општина Лепосавиќ: 28 гласачи или 0,21 отсто;
  • Општина Зубин Поток: 65 гласачи или 1 отсто;
  • Општина Звечан: 29 гласачи или 0,41 отсто;
  • Општина Северна Митровица: 191 гласач или 1,05 отсто.

Во овие општини со мнозинско српско население на северот на Косово денеска се одржуваат вонредни локални избори откако градоначалниците од редовите на Српска листа поднесоа оставки во ноември минатата година противејќи се на одлуката на косовската влада за пререгистрација на регистарските таблички.

Во трката за градоначалници има десет кандидати, а од нив само Слаѓана Пантовиќ е од српската заедница. Таа е независен кандидат за градоначалник на општина Звечан.

Најголемата партија на Србите во Косово, пак, Српска листа, одлучи да не учествува на изборите и ги повика косовските Срби да го бојкотираат процесот. Слични повици упати и официјален Белград.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите