Утрински Весник
Магазин

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

20251229121948 big 730x400 15.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оваа 2025 година беше исклучителна за часовничарската индустрија, со бројни новитети и иновации коишто дополнително го зајакнаа пазарот за дизајнерски и луксузни модели. Тренд што особено се издвои беше употребата на живописни бои и графички бројчаници во сите категории на часовници, инспирирани од естетиката на 1960-тите, 70-тите и 80-тите години, објави „Блумберг“ (Bloomberg).

Бројчаниците изработени од природен камен, необичните облици на куќиштето и ретро-елементите станаа клучни во диференцијацијата на производите, додека брендовите на сите ценовни нивоа сфаќаат дека естетиката сега игра подеднакво важна улога како и механиката на часовниците. Авторот на статијата беше особено заинтересиран за моделите на часовници „Студио андердог авокадо“ (Studiо Underd0g Av0cado – околу 675 долари), „Балтик призмик стоун пинк“ (Baltic Prismic Stone Pink – 1.590 долари), „Номос глашут клаб спорт неоматик ворлдтајмер“ (Nomos Glashütte Club Sport Neomatic Worldtimer – 5.190 долари) и зелениот „Ем-би-енд-еф М.А.Д. 2“ (MB&F M.A.D. 2 Green) којшто е веќе распродаден, а на секундарниот пазар чини околу 6.000 долари.

Сите овие часовници ја комбинираат визуелната привлечност со висококвалитетна завршна обработка и техничките иновации, што ги прави интересни и за ентузијастите и за инвеститорите.

Луксузните брендови како што се „Шанел“ (Chanel), „Картие“ (Cartier) и „Пјаже“ (Piaget) дополнително ја зајакнаа својата пазарна позиција преку соработки со уметници и ограничени изданија. Модели како што се „Пјаже Енди Ворхол“ (78.000 долари) или „Жералд жента жентисима оурсин фајр опал“ (Gérald Genta Gentissima Oursin Fire Opal) (со цени според барањата), станаа симбол на статус и колекционерски интерес, додека секундарниот пазар бележи зголемување на вредноста на овие ексклузивни парчиња.

Индустриското значење на овие трендови е повеќекратно: Шарените и дизајнерски часовници привлекуваат помлади колекционери, што го зголемува прометот во луксузниот сегмент, а брендовите ги зголемуваат маржите на профит и го зајакнуваат препознавањето преку ограничени изданија и соработки. Побарувачката за уникатни модели, исто така, го стимулира растот на секундарниот пазар на часовници, што дополнително ја зајакнува финансиската стабилност на луксузните куќи.

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо

Во француско село 30 соседи делат еден автомобил