Утрински Весник
Македонија

На ГП „Дојран” за излез се чека 30 минути, на „Табановце” 40 минути

Granica Mkd.jpg

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Како што велат, сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 11:00 ч. е во прекин. На ГП Меџитлија (Ники) е најавено затворање на сообраќајот за товарни возила и автобуси од 12:00 ч.

На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин “Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин “Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС и Филипче без извинување за дезинформациите за мигрантите, продолжуваат со истата реторика

Одржано редовно годишно собрание на МАНУ

Кузеска: ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво