Утрински Весник
Македонија

На ГП Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

4 4.jpg

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење”, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, службениците извршиле детална контрола, при што биле пронајдени непријавените тутунски производи.


Од почетокот на годината, Царинската управа откри четири случаи на кривични дела поврзани со криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.  

Можете да прочитате

Одземен му е пасошот на професорот кој сексуално вознемирувал ученичка

Лекарска комора: 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

Вечерва во „Ноќно студио“: Системот против семејното насилство