Утрински Весник
Магазин

Најголемото „капучино“ со јадливо злато се служи со 10 слатки топчиња

Image 2025 12 28 083342468.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ресторан во Сараево тврди дека го нуди најголемото „капучино“ со јадливо злато во светот. Цената на овој луксузен топол пијалак е 100 конвертибилни марки, или околу 50 евра. Според порталот „Политика“, „капучиното“ е подготвено по барање на гостин кој пристигнал во босанскиот главен град од Грачаница, со посебна желба да го проба кафето со злато.

„Гостинот нè замоли да му подготвиме ‘капучино’ во најголемата шолја што ја имаме. Со задоволство му ја исполнивме желбата и во таа прилика, според нашите сознанија, го урнавме светскиот рекорд за најголемо ‘капучино’ со јадливо злато“, соопшти ресторанот.

Светскиот рекорд не е официјално потврден.

Инаку, ова необично кафе е со големина како 10 стандардни „капучина“ со злато, а се служи со 10 слатки топчиња за десерт. Посебен визуелен и луксузен шмек му дава слој од јадливо злато со тежина од половина грам, со коешто напитокот е дополнително украсен. Поради „сложената“ подготовка и ексклузивност, од ресторанот велат дека ќе бидат потребни најави и резервации за секој што сака да ја вкуси оваа нова луксузна напивка. 

Можете да прочитате

Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

Туширање во мрак: едноставна вечерна рутина за целосна релаксација

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра