Утрински Весник
Магазин

Најголемата студија досега покажа дека употребата на мобилни телефони не го зголемува ризикот од рак

Sms Poraka Mobilen Telefon.jpg

Користењето на мобилни телефони не го зголемува ризикот од развој на рак, покажува најобемното истражување на оваа тема нарачано од Светската здравствена организација.

„Ги анализиравме и сумиравме сите научни докази од набљудувачките човечки студии на оваа тема од целиот свет“, рече коавторот Ден Баакен од германската Федерална канцеларија за заштита од радијација (BfS), еден од институтите вклучени во истражувањето.

„Можеме со голема сигурност да кажеме дека ништо не превидовме“, рече Баакен. Тие анализирале дури 5.000 студии на тема поврзаност помеѓу мобилните телефони и ракот објавени во изминатите децении.

Во нивната финална анализа, тие ги вклучија сите видови на рак, но се фокусираа конкретно на оние кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи ги и туморите на мозокот.

Тие откриле дека употребата на мобилни телефони не доведува до зголемен ризик од рак, вклучувајќи тумори на мозокот, тумори на хипофизата, тумори на плунковните жлезди или леукемија.

Според истражувачите, изложеноста на радиофреквенциско зрачење од базните станици или емитувачките антени, исто така, не го зголемува ризикот од развој на рак.

Анализата објавена во списанието „Енвајромент Интернешнал“ вклучуваше студии до крајот на 2022 година, што значи дека истражувањето на новата 5Г технологија за мобилни мрежи не е вклучено.

„Сепак, вклучивме студии со контакт со радарски извори, а радарот има слична фреквенција како 5Г“, рече Баакен.

Можете да прочитате

Водителката Лила во провокативно издание во кревет со колегата: Фановите во шок!

Хороскопски знаци кои се залагаат за еднаквост во врските

Очекувајте блескав крај на година: 4 знаци на кои Белата Месечина ќе има огромно влијание и ќе им помогне да ги остварат своите соништа