Утрински Весник
Магазин

Најдобри пијалоци што помагаат за добар сон

Najbolji Cajevi Za Dobar I Cvrst San.jpg

Ако ви е тешко да заспиете или често се будите во текот на ноќта, не грижете се, не сте единствените. Многу луѓе се борат со овие проблеми и не знаат како да ги решат. Затоа група диететичари решиле да ви откријат листа на најдобрите пијалоци кои можете да ги пиете пред спиење, а кои ќе ви помогнат да спиете добро и долго.

Сок од вишна

Пиењето сок од вишна може да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Една мала студија на возрасни со несоница покажа дека пиењето една чаша сок од од вишни два пати на ден го зголемува времето на спиење за 84 минути, во споредба со периодот на плацебо тест, известува Eat This, Not That.

Диететичарката Леа Рајтмаер се согласува со тврдењето дека сокот од вишна помага при спиењето, посочувајќи дека сокот содржи мелатонин, кој помага во регулирањето на природните шеми на спиење.

Чај од камилица

Билен чај од камилица е без кофеин и има релаксирачки својства кои можат да ви помогнат ако имате немирен ноќен сон. Студија од 2019 година покажа дека камилицата е ефикасна за подобрување на симптомите на генерализирано анксиозно растројство и резултира со подобар сон.

Камилицата е и дигестивен релаксант кој може да помогне во олеснување на стомачните проблеми како што се гасови, надуеност или варење, што може да влијае на проблемите со спиењето.

Бадемово млеко

Диететичарот Шерил Мусато истакнува дека „бадемовото млеко е одлично помагало за спиење, поддржано од науката која покажува дека серотонин присутен во мозокот може да помогне да се поттикне спиењето. Нивото на серотонин во централниот нервен систем е многу зависно од триптофан, амино киселина природно присутна во кравјото и бадемово млеко“, објаснува таа. Покрај тоа што содржат триптофан, бадемите содржат и други хранливи материи кои го поттикнуваат спиењето, како што се мелатонин и магнезиум.

Зелен чај без кофеин

Здравствените придобивки од зелениот чај придонесуваат за добар сон, се додека пиете чај без кофеин. „Не само што зелениот чај е богат со антиоксиданси кои помагаат во поправка и заштита на клетките, туку се покажа дека л-теанинот во зелениот чај го намалува стресот и анксиозноста, промовирајќи мирен сон, особено во однос на тоа колку брзо заспивате“, објаснува диететичарот. Алиса Симпсон.

Млеко

Калциумот во млекото е одличен за коските, но исто така е одличен напиток за пиење пред спиење. Ова го тврди диететичарот Карман Мејер, кој вели дека калциумот „игра важна улога во производството на хормонот за поттикнување на спиењето, мелатонин“. Една чаша млеко содржи и магнезиум и калиум, кои можат да помогнат во ублажување на грчеви во мускулите, честа причина за проблеми со спиењето кај постарите лица.

Кефир

Овој пијалок има многу својства за поттикнување на спиењето, од амино киселини, вклучително и триптофан, до бактерии кои ја поддржуваат здравата функција на цревата, известува Eat This, Not That. Според студија од 2019 година, разновиден микробиом на цревата е поврзан со зголемена ефикасност на спиењето и вкупно време на спиење. Ова најверојатно е поврзано со фактот дека одредени цревни бактерии можат да создадат серотонин, кој го поттикнува спиењето.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби