Утрински Весник
Македонија

На Детска клиника шест деца со пертусис болнички лекувани, подолго време нема хоспитализирани

Picture 620 660x500 1.jpg

Од почетокот на годинава се регистрирани 410 случаи на голема кашлица, од кои шест се болнички лекувани на Детската клиника, претежно доенчиња, е истакнато на денешниот брифинг со новинари на директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, Валентина Цвејоска Чолаковска и организацискиот директор Аркин Јахији.

Во врска со големата кашлица годинава, директорската на Кликината потсети дека има епидемија во Скопје и во Куманово, но, има болни и во други градови.

Таа истакна дека вакцинацијата против пертусис се одвивиа на задоволително ниво, додавајќи дека подолго време нема хоспитализирано дете со пертусис на оваа клиника.  – Сега доаѓа период на алергии.

Доминираат сега деца со алергиски симптоми кај нас. Вакви алергии сме немале, кон средината на овој век се смета дека секое второ дете ќе биде со некаква алергија.

Но, тоа не е само кај нас, туку во светски рамки, подвлече директорката, појаснувајќи дека има многу причини за зголемување на алергиите кај децата, споменувајќи ги меѓу другите и аерозагадувањето и тоа, каква е исхраната.

Во однос, пак, на состојбата на лицата со ретката болест цистична фиброза и лекот „трикафта“, таа рече дека процедурата за набавка на овој лек завршила минатата недела, по јавен тендер спроведен во март.

-Минатата недела беа потпишани договори и се порача лекот. Очекуваме да стигне овој месец, лекот ќе биде за сите над 12 години, а за кои е прилагоден, појасни директорката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Цвејоска Чолаковска информираше дека има и деца и под 12 години кои примаат „трикафта“.  -Тендерот за овој лек е склучен до крај на годината.

Пациенти подобни за „трикафта“, над 12 години, се 67 лица. Досега се вклучени приближно половина, а набрзо, најави директорката, сите ќе бидат со терапија.

Во врска со хормонот за раст, терапија за деца, директорката нагласи дека ФЗО одобрува средства за сите деца на кои им е потребен.

Притоа се осврна и на новини во обезбедувањето нова терапија, како и реновирања на простории, состојба со медицински кадар.

– Амбулантата за неврологија сега се реновира, постојано гледаме да ги подобриме условите за нашите пациенти.

Во моментот немаме дефицит на лекари, можеби има на сестри, но, имавме конкурс и примивме 14 сестри во редовен работен однос пред да почне предизборието.

Планираме по изборите, да почнеме повторно со таа постапка за вработување. Немаме дефицит на доктори, ни требаат уште медицински сестри, посочи таа одговарајќи на новинарско прашање.

На брифингот, на кој беше разгледано и тековното работење на Клиниката во првите три месеци од годинава, Цвејоска Чолаковска информираше дека крајот на минатата година не се разликувал од останатите, кога станува збор за грипот и сличните вирусни инфекции

Можете да прочитате

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд