Утрински Весник
Спорт

На денешен ден е родена кошарката

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

На денешен ден, пред 131 година, доктор Џејмс Нејсмит ја измислил кошарката. На 21. декември 1891 година напишал 13 правила како додаток на физичкото образование во училиштето „Христијанската асоцијација за млади“.

dobivaj vesti na viber

Од тие 13 правила, дури десет се користат и денес, во нивната оригинална форма или со мали измени.

Нејсмит почина во 1939 година, три години откако неговиот изум стана официјален спорт на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.

Оригиналните кошаркарски правила, напишани на два листа хартија од Нејсмит, беа продадени на аукција во Њујорк во 2010 година за 4.300.000 долари. Тие потоа беа донирани во училиштето каде што предаваше Нејсмит.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила