Манчестер јунајтед, во неделата, го претрпе најтешкиот пораз во историјата на клубот. Во дербито на 26. коло на Премиер лигата, Јунајтед загуби со 7:0 на гостувањето кај Ливерпул.
Англиската јавност најмногу ги критикува менаџерот Ерик Тен Хаг, за погрешната тактика и капитенот Бруно Фернандеш, за начинот на кој се однесуваше.
„Во второто полувреме беа катастрофални. Тимот беше во хаос, а тоа беше особено видливо во однесувањето на капитенот Бруно Фернандеш. Во одредени моменти неговото однесување беше срамно”, прокоментира легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.
Англичаните, ден по натпреварот пишуваат дека Фернандеш,, може да добие суспензија од Премиер лигата. Португалецот е познат по своите арогантни и дрски потези, но овој пат ја премина секоја граница. Имено, тој при една ситуација прво намерно го удри Александар-Арнолд по прекинот на играта, но не застана тука.
Линискиот судија се обиде да го смири, а потоа Бруно Фернандеш намерно го турна додека поминуваше покрај него. За негова несреќа камерата го забележа овој момент.
Bruno Fernandes vs Liverpool
Multiple dives
Multiple questionable challenges
This sequence where he kicks out at Trent then makes contact with/ pushes linesman
Still ends up not getting booked by full time. pic.twitter.com/QbiCiEqoHV
— Zaid (@zkhan427) March 6, 2023