Утрински Весник
Македонија
Img 7972

На црната листа на САД ставена македонска фирма, злоупотребила софтвер за шпионажа

На црната листа на САД ставена македонска фирма, злоупотребила софтвер за шпионажа
Img 7972

Министерството за трговија на САД на црната листа денеска ја стави македонската компанија Сајтрокс од Скопје, заедно со три други компании од Грција, Унгарија и Ирска, поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа.

dobivaj vesti na viber

„За овие четири ентитети биле утврдено од страна на Владата на САД дека дејствувале спротивно на националната безбедност или странско политичките интереси на Соединетите Држави“, се вели во соопштението на Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави.

Тие додаваат дека причината е нарушување на сајбер-безбедноста. Според соопштението, САД сметаат дека фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа, ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.

„Оваа активност е спротивна на Националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД“, додаваат тие.

Софтверот за следење на комуникациите „Предатор“ којшто беше во центарот на меѓународен шпионски скандал бил незаконски развиен во Скопје од страна на компанијата „Сајтрокс“ и комплексна мрежа од фирми поврзани со израелскиот бизнисмен и поранешен висок воен чиновник од Израел Тал Дилијан, објави во април годинава ИРЛ.

„Документи од поранешната Управа за контраразузнавање од 2017 година покажуваат дека надлежните имале информации што се развива во Скопје, но ги затвориле очите. Софтверот бил продаван во Ерменија, Египет, Грција, Индонензија, Мадагаскар, Оман, Саудиска Арабија и други земји, а канадската универзитетска организација Ситизен Лаб во декември 2021 година откри дека супериорниот софтвер се користел за незаконско следење на граѓани“, пишува ИРЛ.

Освен македонската Сајтрокс, дел од црната листа се и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, „Интелекса“ од Грција и „Интелекса Лимитетед“ од Ирска.

Грчкото обвинителство отвори истрага за тврдењето на новинар дека неговиот паметен телефон бил заразен од софтвер за надзор во операција на разузнавачката служба на земјата.

Според исказот на новинарот во неговиот телефон бил внесен малициозен софтвер, „Предатор“ од „Сајтрокс“.

Обвинителството ги истражуваше навосите дека овој шпионки софтвер, се продава во Грција од грчката компанија „Интелекса“.

Покрената беше парламентарна расправа, при што беше сослушан грчкиот шеф на разузнавањето, како и тврдењето дека Интелекса“ работи со разузнавачки агенции во Југоисточна Азија и Европа.

Можете да прочитате

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Минчев: Реформите во јавната администрација се реалност, не ветување – Европеизацијата почнува од секој шалтер и службеник