Утрински Весник
Македонија

Најческа: За Груби и Османи не важат закони. Чии министри се тие?

Најческа: За Груби и Османи не важат закони. Чии министри се тие?

За Груби и Османи не важат закони. Чии министри се тие, прашува професорката Мирјана Најчевска, поранешната претседателка на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, во објва на својот фејсбук профил.

dobivaj vesti na viber

Таа наведува дека за нив не важи ниту еден закон, бидејќи истите ги прекршуваат без да сносат последици.

,,Истакнувањето знаме на партија во канцеларија на државен функционер е забрането со повеќе закони. Користењето службени автомобили за партиски цели е забрането со повеќе закони. Не и за Артан Груби и Бујар Османи.
Тие не одговараат пред премиерот, ниту пред судовите и за нив не важат законите. Чии министри се ова? На граѓаните на Македонија? Според она што го гледаме – не.”, напиша Најческа на својот фејсбук профил.

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка