Утрински Весник
Спорт

Најбогатиот клуб во светот работи на трансферот на Нејмар

Најбогатиот клуб во светот работи на трансферот на Нејмар

Нејмар во летниот преоден рок би можел да го напушти ПСЖ. Бразилецот ги потроши сите кредити кои ги имаше во клубот, не успеа на ПСЖ да му ја донесе титулата во Лигата на шампионите, а неговиот престој во Париз го следат разни скандали. Пред неколку дена ултрасите на ПСЖ протестираа пред неговиот дом, го нарекоа „платеник“ и „ку…н син“.

dobivaj vesti na viber

Нејмар летово би можел да се пресели во англиската Премиер лига.

Њукасл, клуб управуван од инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чело со принцот Мохамед Бин Салман, би можел да биде следната дестинација на Нејмар.

Бразилецот е под договор со ПСЖ и во следните две сезони, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Тој има годишна плата од игра за 44,1 милиони евра.

Во ПСЖ, кој во 2017 година го донесе од Барселона за рекордни 222 милиони евра, одигра 173 натпревари со учинок од 118 гола и 77 асистенции.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара