Утрински Весник
Свет

На берзите паднаа цените на нафтата, златото и пченицата

Download 10.jpg

Европските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата во очекување на одлуката за референтните каматни стапки на  Американската централна банка (ФЕД). Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9.15 часот падна на 17.975,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.732,04 поени, францускиот CAC 40 на 8.141,15 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.278,79 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.110,76 поени, индексот S&P 500 на 5.178,51 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.166,79 поени. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна на 82.109 долари, а на нафтата „брент“ на 86.883 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28.780 евра за мегават-час. Цената на златото падна на 2.155,04 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата на 5,4767 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08592, што е приближно исто како вчера.

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД