Утрински Весник
Спорт

На Барселона ѝ се заканува финансиски крах ако испадне од Лигата на шампионите

На Барселона ѝ се заканува финансиски крах ако испадне од Лигата на шампионите

Барселона е на работ на испаѓање од Лигата на шампионите, а тоа покрај резултатски ќе биде и финансиски крах за каталонскиот гигант. Лапорта и раководните луѓе на Барселона преземаа огромен ризик ова лето, доведоа голем број засилувања, но и проектираа дека дел од парите ќе бидат заработени со успесите во ЛШ.

dobivaj vesti na viber

Буџетот е проценет на 1,25 милијарди евра, а минималната цел што си ја поставиле е четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тоа, претпоставуваат, би ги покрило дупките создадени со доведување нови играчи и инвестирање во тимот, но веројатно нема да се случи. Постои закана од колапс, бидејќи нема да има пари од наградите на УЕФА, спонзорите, ТВ-правата, за целата нокаут фаза на натпреварувањето.

Проекциите велат дека ниту освојувањето на Лига Европа, во која Барса најверојатно ќе испадне втора година по ред, нема да биде доволна за покривање на новосоздадениот буџетски дефицит.

Првите проекции велат дека Барселона ќе загуби околу 20 милиони евра само од неучеството во нокаут фазата од Лигата на шампионите. На тоа треба да се додадат пари од ТВ-права, спонзорски награди и други работи.

Шпанските медиуми зачудено истакнуваат дека Барселона веќе не мора ниту да ги игра преостанатите два натпревари… Доколку Интер го победи Плзен дома на 26 октомври закажан за 18:45 часот, мечот на Барселона со Баерн Минхен од 21 часот ќе стане ирелевантен за конечниот пласман на табелата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина