Утрински Весник
Македонија

Најавите на новата влада за распуштање на Судскиот и Советот на обвинители покренуваат сериозна загриженост кај ЕК

Mk Eu Znami A.jpg

Независноста на судството и институционалниот капацитет да се заштити од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост, констатира Европската комисија за Северна Македонија, во Извештајот за владеењето на правото, објавен денеска.

На дваесетина страници посветени на состојбите во Северна Македонија во оваа област, пишува дека се направени неколку реформи во судството и усвоена е нова стратегија која има за цел да ја подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на судството. Сепак, стои во извештајот, нивото на утврдената независност е многу ниско.

Загриженост останува и во однос на функционирањето и независноста на Судскиот совет, иако во овој поглед се преземени чекори. Одлуките за именување за јавните обвинители и судиите беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми“,
се посочува во извештајот.

Голем дел од извештајот е посветен токму на случувањата со Судскиот совет и заклучоците на оОценската мисија на ЕУ, каде се потенцира потребата од спроведување на препораките. Но, најавите од новата влада за распуштање на ова тело, како што се наведува, предизвикуваат голема загриженост.

„Понатамошната имплементација на препораките на Оценската мисијата ќе го зајакне интегритетот на Советот и ќе го подобри неговото функционирање. Најавите од новата влада за нејзината намера да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, покрена сериозна загриженост, бидејќи тоа би ја поткопало независноста на судството“ се наведува во Извештајот на ЕК.
Извештајот се осврнува и на финансиските средства наменети за судството кои поради ограниченоста може да влијаат на неговата финансиска автономија, а дефицитот на човечки ресурси, како што пишува, може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Високиот ризик од корупција останува распространет во многу области, се посочува во извештајот.

„Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на гонењето на
корупцијата, особено во случаи на висок ризик од корупција“,стои во извештајот.

Едно од поглавјата во документот е посветено на медиумите. Загриженост се забележува во однос на враќањето на државното рекламирање.

„Остануваат предизвиците во однос на транспарентноста на сопственоста на медиумите и загриженоста во врска со одредени елементи на повторното воведување на рекламирањето финансирано од државата“се забележува во документот.

Во овој дел од Извештајот се издвојува и состојбата со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за која се вели дека треба да и ае зајакне финансиската и институционалната независност. Се забележува и за предизвиците на јавниот сервис, како и Советот за етика во медиумите за кој е содржана оценка дека е под притисок. За Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер е нотирано дека ги обезбедува бараните податоци и покрај ограничените ресурси, но забелешки има за долгите рокови и одбивањето од инстиуциите да се даде бараната информација под превезот на заштита на личните податоци.

За Собранието се нотира дека политичката поларизација предизвикала доцнење во неговата работа и довело до прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на носење на закони по забрзани процедури.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид