Во четврток во 17.30 часот ќе се одржи протестен марш против бетонизацијата на Ѓорче Петров, најавуваат граѓани на социјалните мрежи.
Маршот ќе тргне од кружниот тек кај црквата Свети Петар и Павле а ќе заврши на локацијата каде е предвидена изградба на комплекс високатници и три нови хемиски постројки, веднаш спроти населбата Порта Влае.
Граѓаните се противат на ДУП-от за градската четврт СЗ 13 затоа што како што велат со изградбата на 30 нови згради и нови 12.000 жители, населбата ќе стане пренаселена, ќе се зголемат пробелмите со паркинг и водоснабдување, ќе се зголеми и сообраќајниот метеж а самата неселба ќе стане нехумана за живеење.