Утрински Весник
Македонија

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува

Dozd 3.jpg

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер, со брзина над 60 километри на час, в среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура, од 8 до 10 степени.

Како што соопшти УХМР, претежно во северните делови од државава, во среда ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.


-Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре продолжува топлинскиот бран – ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 км на час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје температурата ќе биде од 18 до максимални 41 степен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Можете да прочитате

Професорката Ванковска ја нападна претседателката Силјановска околу војната во Газа

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос