Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, ОСОБЕНО ПРЕКУ ДЕН: Температурите ќе бидат во пораст!

славчо

Метео анализа на Славчо Поповски:

Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег.

До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени.

Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

Можете да прочитате

Загина 34-годишен возач од виничко, излетал од патот кон Берово

Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани