Утрински Весник
Балкан

На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Droga atina.jpg

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи.

Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.


Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).

Можете да прочитате

Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра

Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот

Хаос во Албанија: Судири пред Парламентот – летаат камења, молотови коктели, солзавец