Утрински Весник
Македонија

На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

1000043383.jpg
Dik 300x250 mk

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.


Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН