Утрински Весник
Свет

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Image 2025 12 22 214420359.png

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“ денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека при судирот не дошло до пожар.

„Беше страшно, пилотот преку разгласот се обидуваше да ја смири ситуацијата и да прикаже дека не е толку сериозна колку што изгледаше. Тие повеќе не можат да го користат авионот. Авионот штотуку почна да се движи кон пистата кога удри во цистерната“, изјави еден од патниците, пренесува порталот GB News.

Портпаролот на аеродромот во Единбург потврди дека дошло до „инцидент“, но ги негираше тврдењата дека судирот предизвикал пожар, додавајќи дека немало влијание врз работата на аеродромот.

Можете да прочитате

Човекот на Трамп им се заканува на медиумите со одземање дозволи: „Сакаат да ја изгубиме војната со Иран“

Мерц сака руските војници да имаат забрана за влез во ЕУ

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Трамп