Вилис Рид, легендарниот поранешен капитен и центар на Њуојорк никс, кој го предводеше тимот до единствените две светски титули, почина на 80 години, потврдија од клубот.
Рид, кој помина 10 сезони во НБА лигата, сите со Никс, беше МВП на лигата во 1970 година и седумкратен Ол-Стар, и влезе во историјата по легендарниот меч на 8 мај 1970 година. Њујорк се судрија со Вилт Чембрлен и Лос Анџелес лејкерс во седмиот меч од НБА финалето во „Медисон сквер гарден“, кога иако беше повреден влезе во игра и заедно со Волт „Клајд“ Фрејзер ја освоија првата шампионска титула на славниот тим.
Рид се пензионирше во 1974 година, откако со Никс освои две шампионски титули и играше во три финалиња, останувајќи засекогаш познат во Њујорк како „Капитенот“.
Our Captain. pic.twitter.com/2Bg1ro4y37
— NEW YORK KNICKS (@nyknicks) March 21, 2023