Утрински Весник
Македонија

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски

Stojance jovanovski 3 e1772546093238 1024x626.avif.avif

На 30 март (понеделник) во Основниот кривичен суд Скопје ќе започне судскиот процес против Стојанче Николовски за случајот со самоубиството на неговата сопруга Ивана во скопско Тафталиџе.

Обвинението беше поднесено на 13 март од Основното јавно обвинителство Скопје и на обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.


Според обвинителството, постапката се однесува на подолг временски период на психичко и физичко малтретирање, како и на настаните од 2 март, по што обвинителството оцени дека постои основ за кривично гонење. Во обвинителниот акт е опфатен и предлог за продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички дела.

Случајот предизвика силен јавен интерес откако по трагедијата беа отворени прашања и за институционалната заштита од семејно насилство, како и за навременото постапување на системот. Со закажувањето на првото рочиште, предметот сега влегува во судска фаза.

Можете да прочитате

Маж од Скопје ја нападнал сопругата и малолетната ќерка

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски