Утрински Весник
Македонија

На 150-от роденден на Мисирков исчезна македонскиот јазик од меѓувладината седница во Приштина

467017896 1168207734661151 1561861005896526957 N.jpg

Владите на Северна Македонија и Косово денес одржаа меѓувладина конференција по повод 15 години од воспоставувањето дипломатски односи, меѓутоа средбата на премиерите Мицкоски и Курти ќе остане одбележана од скандал поради тоа што изостануваше македонскиот јазик.

На денот кога се прославуваат 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков во Приштина на официјалните позадини, банери и информативни материјали фигурираше само албанскиот јазик, без превод или употреба на македонскиот јазик кој според закон е единствен официјален јазик на државата за надворешна употреба.

На претходните меѓувладини конференции со други држави, беше запазена практиката документите да се презентираат двојазично, на македонски и на јазикот на партнерската земја.

Таков беше случајот на меѓувладината седница со Унгарија, како и со Црна Гора.

За ваквиот потег на Косово немаше реакција од страна на премиерот Христијан Мицкоски, ниту останатите членови на Владата, иако дипломатските кругови очекуваа рекација на ова непочитување на јазичната рамноправност.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно