Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје е старо-новиот освојувач на Купот на Македонија

1702 Mzt Shampion Grupna Scaled.jpg

МЗТ Скопје е старо-нов победник во кошаркарскиот Куп на Македонија – „Блгоја Гергиевски – Буштур“. Во драматично финале против организаторот на завршниот турнир во Битола, МЗТ Скопје го совлада домаќаниот Пелистер со 60:62. „Металците“ одиграа извонреден меч, а победата е уште позначајна ако се знае дека во последната четвртина останаа без Војдан Стојановски поради повреда, а во последните минути поради пет лични грешки во тимот го немаа ниту Дамјан Стојановски. „Пелистерци“ имаат за што да жалат бидејќи во второто полувреме имаа осум поени, но не успеаја да ја задржат предноста во клучните моменти и останаа без толку посакуваниот трофеј. За МЗТ Скопје ова беше 12. трофеј во Купот на Македонија. Сега имаат два пехари повеќе во однос лутиот ривал Работнички. Пелистер и во второто финале остана без трофеј. Дамјан Робев беше џокерот кај МЗТ кој блесна во вистински момент, кога на паркетот ги немаше браќата Стојановски, па со 13 поени беше најпрецизен во својот тим. За својот учинок на крајот го доби признанието МВП на финалниот меч. Костовски со 15 поени беше најпрецизен кај Пелистер.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари