Утрински Весник
Спорт

МЗТ го отпушти Петровиќ – Новиот тренер ќе дојде од Србија

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Поразот од Сплит го вклучи алармо во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клупските челници решија да се разделат со тренерот Александар Петровиќ.

МЗТ има лош скор во АБА лигата, победи два пати во 12 натпревари. Победите македонскиот шампион ги забележа против СЦ Дерби и Мега. Петровиќ доби отказ бидејќи загуби на домашен терен од директните конкуренти во борбата за опстанок, Борац и Сплит.

Во домашниот шампионат МЗТ забележа девет победи во првите 10 натпревари.

„На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме“, стои во клупското соопштение.

Наследникот на Петровиќ ќе дојде од Србија. Во конкуренција се двајца тренери Ненад Трајковиќ и темпераментниот Драган Николиќ.

Николиќ е поранешен тренер на Карпош Соколи, со оваа екипа играше во финалето од плеј-офот во домашното првенство.

Трајковиќ е искусен тренер, кој работеше во Студентски центар. Со овој клуб се раздели во 2021 година. Работел како асистент во познати европски и НБА клубови: Патизан, Реал, Кливленд, Феникс.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен