Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Исплатени над 1,5 милијарда денари субвенции за обележани овци

МЗШВ: Исплатени над 1,5 милијарда денари субвенции за обележани овци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите одгледувачи на овци дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани овци од сите категории.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Агенцијата извршила исплата и на уште две мерки од програмата за директни плаќања – за пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал и за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

„Корисници на мерката за обележани овци од сите категории се земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 грла. Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари за овца, а за земјоделски стопанства со пријавени од 101 до 500 овци висината на директните плаќања изнесува 1.300 денари за овца. За оваа мерка исплатени се вкупно 682.864.200 денари кон 2.984 лица.

Кај директните плаќања за сертифициран семенски материјали корисници се земјоделски стопанства што пријавиле површини со полјоделски култури, на кои е употребен сертифициран семенски материјал. За оваа мерка исплатени се вкупно 229.001.820 денари кон речиси 8.000 лица.

За мерката директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети исплатени се 136 лица во висина од 150 милиони денари. Кај оваа мерка како корисници се јавуваат одлгедувачи што одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во периодот од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло“, соопшти МЗШВ.

До крајот на оваа година, како што се додава, преку обезбедените 2,7 милијарди денари дополнителни средства во буџетот комплетно се расчистуваат сите заостанати долгови кон земјоделците, а почнува и авансната исплата на субвенциите.

Можете да прочитате

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот

МЗШВ: Објавени три јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Трендафилов: Верувале или не, платите растат, ама не на работниците