Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител

МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој дека денеска ја реализира исплатата на дополнителните директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка до 5.851 лозаропроизводител.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино во Република Северна Македонија, велат од МЗШВ.

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 2 денара за килограм. Преку новиот модел за субвенционирање, кој почна со примена од оваа година, земјоделците се сведоци на побрза и редовна исплата на субвенциите. Навремено и пред законскиот рок исплатени се во целост сите основни субвенции кон земјоделците. Токму кон лозаропроизводителите досегашната исплатена поддршка во оваа 2023 година достигнува речиси 800 милиони денари.

Следува мерката за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, односно зелената нафта, мерка за која нашата држава е единствена во регионот со таков вид поддршка кон земјоделците. Дополнително, како резултат на новиот модел за субвенционирање, кон сите земјоделци следува реализирање 30 % авансна исплата на субвенциите. Земјоделците, првпат во една година, ќе добијат дел од субвенциите за истата тековна година, се додава во соопштението на МЗШВ.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира