Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

Whatsapp image 2025 09 13 at 14.05.24.jpeg

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.

Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):


  • просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,
  • максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,
  • моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.

Министерството останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.      

Можете да прочитате

Тетовчанец ја уценувал партнерката со експлицитни фотографии за пари 

Променливо облачно и студено време утре

Македонскиот пазар без кадар – Работници од Бангладеш, Непал и Индија ја пополнуваат празнината