Утрински Весник
Македонија

МЗ: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти

Bolnica Srbija 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“.

Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти.


– Advertisements –

Во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница „Систина“ двајца пациенти.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Уметноста како глас за животот: македонските уметници обединети за Фросина Кулакова