Утрински Весник
Македонија

МЗ: Oд 1 октомври пациентите со цистична фиброза до 18 години ќе се лекуваат на УК за детски болести, останатите на УК за пулмологија и алергологија

МЗ: Oд 1 октомври пациентите со цистична фиброза до 18 години ќе се лекуваат на УК за детски болести, останатите на УК за пулмологија и алергологија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Согласно препораката од Националната комисија за ретки болести, почнувајќи од 1 октомври сите пациенти со цистична фиброза на возраст до 18 години ќе се лекуваат на УК за детски болести, додека пациентите со наполнети 18 години на УК за пулмологија и алергологија.

dobivaj vesti na viber

Активностите за третманот на пациентите со цистична фиброза се договорени и усогласени на одржаните координирани состаноци на УК за детски болести Скопје, УК за пулмологија и алергологија и претставници на ФЗОРСМ и МЗ, земајќи во предвид дека лекувањето на овие пациенти треба да биде во јавни здравствени установи од терциерно ниво кои ги исполнуваат стандардите за хоспитализација со оглед на специфичноста на болеста и во кои поради стручноста на кадарот, лекувањето на пациентите со цистична фиброза ќе биде согласно светските протоколи.

Во однос на потребната инхалаторна терапија за сите пациенти, ќе биде обезбедена преку јавна набавка спроведена од страна на УК за детски болести, преку обезбедување дополнителен буџет од страна на ФЗОРСМ и согласно потребните количини на пациентите, истата ќе биде дистрибуирана согласно веќе воспоставениот систем до местото на живеење на секој пациент(инсулинска аптека).

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе