Утрински Весник
Македонија

МЗ: Нема одложување на Законот за пушење, следната недела оди во Влада

Monochrome man photo anti smoking campaign poster.jpg

Министерството за здравство ги демантира тврдењата дека ќе има одложување на донесувањето и спроведувањето на Законот за заштита од пушење и најавува дека финалната верзија на законското решение следната недела ќе биде доставена до Владата. Од Министерството појаснуваат дека фазноста се однесува исклучиво на начинот на примена во почетниот период, а не на одложување на неговото стапување во сила.

Оттаму информираат дека во моментов се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата. По завршување на оваа постапка, финалниот текст ќе биде доставен до Владата согласно предвидените законски рокови.

Од Министерството потенцираат дека усогласувањата што се прават не ја менуваат суштината на законот и дека целите остануваат непроменети – спречување на започнување со пушење кај младите, создавање генерации без никотинска зависност и заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, од Министерството појаснуваат дека законот ќе стапи на сила по неговото донесување во Собранието, согласно законските рокови, додека фазноста ќе се однесува на почетниот период на примена. Во таа фаза ќе има засилен надзор, информирање и опомени, со цел институциите, угостителите и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок.

Од Министерството за здравство додаваат дека остануваат отворени за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Можете да прочитате

Тепачка и закани со пиштол во кафеана во Трубарево, уапсена и полицајка

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Мобилните царински тимови во 2025 со 271 заплена и над 195 килограми дрога